ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОКИНО, ЗАФАТЕНИ УШТЕ ТРИ СЕЛА, ЕВАКУИРАНИ И ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОКИНО, ЗАФАТЕНИ УШТЕ ТРИ СЕЛА, ЕВАКУИРАНИ И ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕОва е досега најголем пожар во Козјачкиот Регион, а уште е активен оти дува силен ветер. (Фото: Пожарна Куманово)

    Во голем пожар денеска изгореа околу 600 хектари квалитетна борова, дабова и букова шума  стара 50 години во кумановските села Кокино, Маотино, Степанце и Арбанашко, кои се дел од Општина Старо Нагоричане. Пожарот зафати и 3 куќи, а евакуирани се и дел од жителите.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи ни рекоа дека во два наврата гаснел и хеликоптер, но не успеал да го  стави под контрола оти дува силен ветер и оганот се шири кон соседните села. Од Центарот велат дека ова е досега најголем пожар во Козјачкиот Регион. Денеска гаснеле екипи од Старо Нагоричане, а помош има и од Куманово, Крива Паланка и Ранковце.

    Голем пожар има и во неколку села во Општина Куманово, каде гори сува трева, шума и неколку куќи. Според кумановската пожарна, денеска имало интервенции во 8 пожари во Кумановско-Липковскиот Регион.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира