ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МАГАЦИН ВО ТЕТОВО, НА ПОМОШ ПРАТЕНИ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА ОД СКОПЈЕ

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МАГАЦИН ВО ТЕТОВО, НА ПОМОШ ПРАТЕНИ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА ОД СКОПЈЕПожарот е во поранешните простории на „Македонија табак“ (Фото: Зандон)

    Голем пожар утрово изби во магацин за градежен матeријал и стиропор во Тетово. Гори објектот на некогашна „Македонија Табак“ каде сега е сместена приватна фирма. Објектот се наоѓа на излезот од Тетово.

    Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира