ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ НАМЕСТО САША БОГДАНОВИЌ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР

    ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ НАМЕСТО САША БОГДАНОВИЌ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАРИзвршниот одбор на партијата синоќа не му ја даде поддршката за втор мандат на актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ.(фото: Фејсбук)

    Претседателот на општинската организација на СДСМ и директор на Заводот за индустриска сопственост Горан Герасимовски ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ за скопската Општина Центар. Извршниот одбор на партијата синоќа не му ја даде поддршката за втор мандат на актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ.

    Како што соопшти денеска генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, кандидат на СДСМ за Куманово, откако Максим Димитриевски најави независна кандидатура, ќе биде Оливер Илиевски, директор на Водостопанство Куманово, за Струмица актуелниот пратеник Константин Костадинов, а за Битола биснизменот Христо Кондовски.

    Актуелниот градоначалнк на Ѓорче Петров Александар Наумоски ќе биде кандидат за втор мандат во оваа скопска Општина, а втор мандат ќе бараат и градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменковска и градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков.

    СДСМ ќе има кандидати за градоначалници и во Струга, Димче Шипинкаровски, и во Шуто Оризари, Асан Ферат.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира