ГОРИ ПОЛЕТО ОД УЛАРЦИ ДО ОРИЗАРИ ВО КОЧАНИ, ВЕТEРОТ ГО ЗАСИЛУВА ОГНОТ

    ГОРИ ПОЛЕТО ОД УЛАРЦИ ДО ОРИЗАРИ ВО КОЧАНИ, ВЕТEРОТ ГО ЗАСИЛУВА ОГНОТПожарникарите спречуваат да се рашири огнот по селата, вели Штипската полиција. (Фото: СДК.МК)

    Вечерва изби неколкукилометарски пожар од селото Уларци па се до Оризари во Кочани, потврди СВР Штип за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Не е познато како изби пожарот, се знае само дека горат полињата од Уларци до Оризари. Пожарната екипа е на терен, но проблем прави ветрот кој го засилува огнот. Во овој момент не можеме ништо повеќе да ви кажеме“, изјавија од Штипската полиција.

    Увидна полициска екипа е на местото, се откриваат причините, додека пожарникарите спречуваат да се рашири огнот по селата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира