ГОРИ ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА

    ГОРИ ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈАСилниот оган создаде столб од чад вискок над педесетина метри кој покри делови од Тетово (Фото: СДК.МК)

    Попладнево се запали тетовската дива депонија која се наоѓа на влезот во градот. Силниот оган создаде столб од чад вискок над педесетина метри кој покри делови од Тетово. Со големиот пожар се справува целата против пожарна единица од Тетово. Ангажирани се 4 цистерни иа огнот го гаснат сите пожарникари кои се на смена.

    (Фото: СДК.МК)

    Густиот црн чад не им дозволува на пожарникарите да се доближат до местото каде пламените јазици се најголеми, а ветерот кој дува придонесува пожарникарите тешко да го локализираат огнот.

    На овој пожар му претходел еден помал кој избил изутринава на дивата депонија но кој набрзо бил изгаснат. Нешто после тринаесет часот огнот повторно пламнал но сега со многу поголем интензитет.

    Според кажување на пожарникарите од против пожарната едниница од Тетово, се очекува наскоро пожарот да биде локализиран и изгаснат.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира