ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ ПРАЌААТ СЛИКИ ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

    ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ ПРАЌААТ СЛИКИ ОД ДИВИ ДЕПОНИИ„Граѓаните можат да пријават депонија со испраќање порака на вибер на телефонскиот број 070 270-557 или на Фејсбук страната на Град Скопје, со фотографија и адресата“, рече портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје ги повикува граѓаните да им помогнат во лоцирање на дивите депонии низ градот. Граѓаните тоа можат да го сторат преку испраќање порака на Вибер на телефонскиот број 070 270-557 или на Фејсбук страницата на Град Скопје, со фотографија од депонијата и адресата.

    „Градот Скопје оваа пролет ќе организира акција за чистење на јавните површини и за миење на градските улици. Акцијата ќе ја спроведат јавните градски претпријатија ‘Комунална хигиена‘ и ‘Паркови и зеленило‘ со своите работници и расположливата механизација. Ги повикуваме и нашите сограѓани да придонесат во акцијата и да ни помогнат да ги лоцираме дивите депонии во градот. Апелираме во акцијата да се вклучат и сите општествено одговорни компании и институции да ни помогнат со својата механизација за почисто Скопје“, рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

    Од Градот велат дека во есенската акција за чистење на градот биле лоцирани околу 200 диви депонии, а биле собрани и отстранети над 3.000 кубни метри смет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира