Град Скопје и ЈСП „Скопје“ го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ кој веќе втора недела не вози оти не му се исплатени пари. Како што велат од Градот, линиите 19, 20, 22, 52 и 54.на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје. Од Градот велат дека со преземањето на овие линии од ЈСП, транспортот на патници ќе продолжи непречено.
„Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник “Макекспрес“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз. Со жалење мораме да констатираме дека приватниот превозник до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки“, велат од Град Скопје.
Град Скопје му должи на „Макекспрес“ околу половина милиони евра. Во соопштението на Градот не се надедува дали ќе му бидат исплатени парите на превозникот. „Макекспрес“ возеше со 72 автобуси на петте линии.
Градоначалничката Данела Арсовска во јануари ги продолжи договорите со двата приватни превозници во Скопје „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.
А. АНТЕВСКА