ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ВЕЛОСИПЕДИ И ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ

    ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ВЕЛОСИПЕДИ И ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИЗа инвертери се предвидени 24 милиони денари, а за велосипеди и тротинети 15 милиони денари. (Фото: СДК.МК)

    И годинава, Град Скопје ќе дава субвенции за купени инвертер клими, велосипеди и тротинети, како и за чистење оџаци. Субвенциите се предвидени во програмата за заштита на животната средина како една од мерките на Градот против загадувањето.

    Во буџетот за 2022 за инвертери се предвидени 24 милиони денари, а за велосипеди и тротинети 15 милиони денари. За чистење оџаци за домаќинставата кои се греат на дрва ќе се одвојат 1 милион денари.

    Градоначалничката Данела Арсовска вели дека оваа година од буџетот на Градот се издвоени најмногу пари за субвенционирање на инвертер клими.

    „Не може да се кажа дека годинава помалку пари ќе се наменат за субвенции за инвертери кога изминатите две години Градот не издвои свои средства туку парите беа доделени од Владата. Оваа година за оваа намена од буџетот се издвоени најмногу средства“, рече Арсовска.

    Вкупниот буџет на Град Скопје за животна средина за 2022 година е 73 милиони денари, што е за три пати помал од ланскиот. Арсовска вели дека проекти кои ќе имаат дирекно влијание во борбата против загадувањето се предвидени и во другите програми, како што е, на пример, изградбата на пет мега паркови во градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира