ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАДЕ 7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАДЕ 7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНАПомош за Украина од 10.000 евра обезбеди и Црвениот крст. (Фото: АП)

    Град Скопје ќе даде хуманитарна помош на Украина во износ од 7 милиони денари. Предлогот кој градоначалничката Данела Арсовска го достави до Советот на Град Скопје е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт.

    „Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме. Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи кога ќе пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови“, вели градоначалничката Арсовска.

    Помош за Украина обезбеди и македонскиот Црвен крст, кој како солидарна помош за настраданото население издвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст. Од Црвен крст велат дела сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во Апелот со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст, со донација од 100 денари на телефонскиот број 143 400 и на девизната сметка на Црвен крст.

    Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.

    За донации на средства во странска валута:

    NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

    SWIFT CODE: KOBSMK2X

    IBAN CODE: MK07300701000001228

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира