ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, ПАРИ ИМА ЗА СТОТИНА ГРАЃАНИ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, ПАРИ ИМА ЗА СТОТИНА ГРАЃАНИЗа субвенционирање ќе бидат издвоени еден милиони денари, а субвенцијата ќе биде 50 отсто од вредноста на тротинетот, но не повеќе од 10.000 денари. (Фото: Фејсбук)

    Град Скопје ќе дава субвенции на граѓани кои ќе купат електрични тротинети.

    За оваа намена ќе бидат издвоени еден милиони денари, а субвенцијата ќе биде 50 отсто од вредноста на тротинетот, но не повеќе од 10.000 денари. Тоа значи дека субвенции ќе добијат стотина граѓани, а пријавувањето ќе важи откако одлуката ќе биде донесена на Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи наредната недела.

    „Во буџетот за оваа година имавме предвидено средства за субвенционирање на велосипеди за лица со посебни потреби. Бидејќи интересот беше слаб парите кои останаа неискористени решивме да ги пренамениме во друга категорија за купување на електрични тротинети. Целта е да ги стимулираме граѓаните да го користат ова алтернативно средство за превоз, како една од мерките против загадувањето“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

    Субвенциите ќе се делат по принципот прв пријавен, прв услужен, а апликациите ќе важат од денот на објавување на одлуката.

    Годинава Град Скопје додели субвенции за купен велосипед на 3.119 граѓани во вредност од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира