ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ИНВЕРТЕРИ, ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ И ГОДИНАВА НЕМА ПАРИ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ИНВЕРТЕРИ, ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ И ГОДИНАВА НЕМА ПАРИОд Градот сѐ уште не знаат кога ќе бидат распишани јавните повици. (Фото: К. Попов)

    И годинава, жителите на Скопје ќе добијат субвенции од Градот за купување велосипеди и инвертери. Субвенции за печки на пелети како и лани и годинава ќе нема. Од Град Скопје велат дека откако почнале со проектот за субвенционирање на граѓаните за набавка на инветер-клима уреди, прекинат е проектот за набавка на печки на пелети.

    За набавка на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала се предвидени 10 милиони денари. И оваа година, Градот со капитални дотации ќе добие пари од Владата пари за субвенции за набавка на инвертери. За оваа намена Град Скопје ќе добие 2 милиони евра, што е двојно помалку од лани кога беа обезбедени 5 милиони евра.

    Субвенцијата за набавка на велосипед е 50 отсто од неговата вредност, но не повеќе од 3.000 денари. Субвенциите за инвертери беа за целата сума, но таа да не е повисока од 1.000 евра. Услов за да се добие помош беше да се предадат печките на дрва, како една од мерките за намалување на аерозагадувањето.

    Од Градот сѐ уште не знаат кога ќе бидат распишани јавните повици, но велат дека ќе има навремено информирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира