ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА 50.000 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА 50.000 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈАВо земјотресот од 7 степени, кој во петокот попладне ја погоди турската провинција Измир, загинаа најмалку 49 луѓе. (Фото: Скај)

    Градоначалникот Петре Шилегов му предложи на Советот на Град Скопје да донесе одлука за донација од 3.000.000 денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција.

    „Градот Скопје, како израз на солидарност кон настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турција доделува парични помош во износ од 3.000.000,00 денари“, се вели во предлог-одлуката.

    Паричните средства за донацијата се обезбедени во резервата за непредвидливи расходи во Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

    Во земјотресот од 7 степени, кој во петокот попладне ја погоди турската провинција Измир, загинаа најмалку 49 луѓе, а повредени се 896.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира