Град Скопје почна пилот проект за тестирање нов вид полуподземни контејнери. Шест вакви контејнери се поставени на улицата Никола Русински во Карпош 3 од кои два се со капацитет од 3 кубни метри, а четири се со капацитет од 5 кубни метри.
„Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација. Тоа не значи дека новите пластични контејнери кои лани ги поставивме на главни улици ќе се отстрануваат. Полуподземните контејнери се соодветни да се постават на споредни улици, до паркови и меѓу зградите“, рече Шилегов.
Од Градот велат дека во неколку месечниот тест период ќе се согледаат предности од користењето на овие садови за отпад, по што ќе бидат направени анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат.
Контејнерите се произведени од финската фирма „Молок“.
А. АНТЕВСКА