ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ТРГНЕ 240 БИЛБОРДИ ПОСТАВЕНИ СРЕД ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ И ТРОТОАРИ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ТРГНЕ 240 БИЛБОРДИ ПОСТАВЕНИ СРЕД ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ И ТРОТОАРИВо Скопје има околу 800 билборди. Како што кажа Шилегов покрај овие на голем број локации има и нелегални билборди кои исто така ќе се отстрануваат во наредниот период.- Една од локациите каде ќе биде отстранет билборд (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје ќе отстрани 240 билборди поставени на јавни површини низ градот. Градоначалникот Петре Шилегов денеска кажа дека почнува да воспоставува ред во узурпирањето на градот со билборди и рекламни паноа, кои го ограничуваат движењето на пешаците и велосипедистите.

    „Скопје е град со најгусто поставени билборди, од кои дел се поставени на локации каде воопшто не треба ниту да ги има. Постигнавме договор со четирите фирми концесионери доброволно да ги отстранат. Во првата зона целосно ќе се ослободи градот од поставени објекти во форма на билборди. На следната седница на Советот на Град Скопје ќе биде предложена одлука за ослободување на компаниите од надоместокот за закуп на рекламен простор за трите месеци додека трае вонредна состојба, како и намалување за 20 отсто на вкупната закупнина во наредниот период“, рече Шилегов.

    Во Скопје има околу 800 билборди. Како што кажа Шилегов покрај овие на голем број локации има и нелегални билборди кои исто така ќе се отстрануваат во наредниот период.

    „Не можеме сите да ги отстраниме оти фирмите имаат 15-годишни договори со Градот склучени од претходното раководство. Ние во наредниот период на десетина локации ќе поставиме дигитални билборди на кои ќе можат да се вртат повеќе реклами. Значи нема потреба низ градот да има толку билборди“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира