ГРАД СКОПЈЕ ПО ТРЕТ ПАТ БАРА ФИРМА КОЈА ЌЕ ГО ПРАВИ ЗИПЛАЈНОТ ОД КАЛЕ ДО ПАРК

    ГРАД СКОПЈЕ ПО ТРЕТ ПАТ БАРА ФИРМА КОЈА ЌЕ ГО ПРАВИ ЗИПЛАЈНОТ ОД КАЛЕ ДО ПАРКВо огласот покрај проектирање и изведба на зиплајнот, се бара партнерно уредување на просторот, поставување на заштитна ограда како и изведба на соблекувални со шкафови за опрема, за минимум 15 корисници, на почетната и крајната станица.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје распиша нов, трет јавен повик за избор на фирма која ќе го прави зиплајнот од тврдината Кале до Градскиот парк. Претходните два тендери пропаднаа бидејќи ниту една од пристигнатите понуди не била прифатлива.

    Во огласот покрај проектирање и изведба на зиплајнот, се бара партнерно уредување на просторот, поставување на заштитна ограда како и изведба на соблекувални со шкафови за опрема, за минимум 15 корисници, на почетната и крајната станица.

    Градоначалникот Петре Шилегов идејата за изградба на зиплајн ја најави уште во март лани и кажа дека ќе биде готов летото.

    Почетната станица ќе биде под Музејот на современа уметност, ќе оди преку реката Вардар и ќе завршува на кејот на реката Вардар во близина на арената „Тоше Проески“. Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Ќе чини околу 50.000 евра

    „Целта на овој проект е да им овозможи на граѓаните на Скопје спортско-рекреативна содржина како и да овозможи развој на алтернативниот туризам преку кој ќе се стимулира развојот на туристичката понуда. Особено внимание при изборот на локацијата е посветен и на изборот на местоположбата, односно помеѓу останатото се предвидува со овој проект да се поврзат скопското Кале и Старата скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и Градскиот парк“, рече градочалникот Петре Шилегов во март годинава објаснувајќи го проектот пред Советот на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира