ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ РЕНОВИРА ИСКРШЕНИТЕ ПАТЕКИ И КЛУПИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НА ГРАДСКИ ПАРК

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ РЕНОВИРА ИСКРШЕНИТЕ ПАТЕКИ И КЛУПИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НА ГРАДСКИ ПАРКРеконструкцијата треба да заврши за триесетина дена. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна да го реновира вториот дел од Градскиот парк, односно потегот од летните дискотеки до хотелот „Александар палас“. Во овој дел сега патеките се целосно руинирани, со дупки на секој чекор, нема ниту една неоштетена клупа. Фалат и корпи за отпадоци бидејќи оние што ги има се уништени и се премалку за отпадот кој го фрлаат секој ден граѓаните.

    Градоначалникот Петре Шилегов најави дека реконструкцијата ќе заврши за триесетина дена, па што овој дел ќе добие сосема нов лик.

    „Овој дел од паркот е изграден во 1970 година и досега не е пипнат, затоа е толку девастиран. Поставуваме нов асфалт, поинаква технологија со посебен цемент мешан со камчиња, со што ќе добиеме патеки какви што досега немало во градот. Ќе има и нови канделабри за осветлување, како и многу повеќе корпи за отпадоци оти сегашните не ги задоволуваат потребите“, рече градоначалникот Шилегов.

    Градежните работи ќе ги изведува ЈП „Улици и патишта“ и за овој проект се извоени 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира