ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ЗАМЕНУВА ГОЛЕМИТЕ КОНТЕЈНЕРИ СО НОВИ ПОМАЛИ, НАБАВЕНИ СЕ 3.300

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ЗАМЕНУВА ГОЛЕМИТЕ КОНТЕЈНЕРИ СО НОВИ ПОМАЛИ, НАБАВЕНИ СЕ 3.300Новите контејнери се со капацитет од 1.100 литри. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје почна со замена на контејнерите со нови, кои се помали. Набавени се 3.300 контејнери со капацитет од 1.100 литри. Со нив ќе се заменат големите контејнери кои беа со капацитет од 3.200 литри набавени во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов.

    „За еден месец треба да бидат замените сите контејнери. Ќе се постават повеќе садови во деловите од градот каде што има нови згради. Металните контејнери се наменети за места каде што се повторува палењето на садовите, како и за фирми“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски.

    Митковски пред неколку месеци изјави дека проблемот со собирање ѓубре и со преполни контејнери е поради големите контејнери од 3.200 литри. Од четирите камиони за нив кои ги има претпријатието, работи само еден. Овие контејнери не можат да се подигнуваат со другите возила, туку мора со специјални камиони.

    Како што соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, наредната недела во функција ќе бидат ставени и новите камиони за собирање ѓубре, кои беа набавени од Министерството за транспорт и врски. Според Ѓорѓиевски, со новите контејнери и камиони ќе се подобри хигиената во градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира