ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА НОВИОТ ПАРК ВО КАРПОШ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА НОВИОТ ПАРК ВО КАРПОШПаркот ќе биде на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градини, како и содржини за спорт и рекреација.(Фото: Град Скопје)

    Механизација и екипи од јавните претпријатија на Град Скопје почнаа да го расчистуваат и рамнат просторот за новиот парк во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Дел од овој простор кај хотелот „Александар Палас“ досега беше депонија, која беше и запалена. Останатиот дел во Карпош 4 беше непристапен обраснат со гранки и треви.

    „Се работи на расчистување на 100.000 метри кубни шут. Во тек е и конкурсот за избор на идејно решение за новиот парк кој всушност ќе биде продолжение на Градскиот парк односно трет дел. Конкурсот треба да заврши на 16 март, по што Комисијата ќе ги оценува пристигнатите решенија“, велат од Град Скопје.

    Паркот ќе биде на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира