ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА БРИГАДА КОЈА ЌЕ БИДЕ ВЛЕЗ ЗА ТУНЕЛИТЕ ПОД КАЛЕ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА БРИГАДА КОЈА ЌЕ БИДЕ ВЛЕЗ ЗА ТУНЕЛИТЕ ПОД КАЛЕВо првата фаза ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев до крстосницата со Втора македонска бригада. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Македонско-Косовска бригада во Општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев до крстосницата со Втора македонска бригада. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција  на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постави и нова атмосферска и фекална канализација.

    „Оваа фаза е изведбата на едниот крак од идниот булеварот Македонско-Косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак, со што ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале“, рече градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи.

    За реконструкцијата на Македонско-Косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а градежните работи ќе траат 4 месеци.

    Градоначалникот Шилегов кажа дека оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструираа летово и ги замоли граѓаните да имаат трпение, разбирање и да ги користат алтернативните траси за влез на скопје од источната страна на градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира