Екипи од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ од утрово поставуваат нови даски на клупите на Плоштад Македонија.
Половина од клупите на централниот Плоштад во главниот град со месеци стоеја само со железни рамки оти даските беа украдени. Но, никој од Град Скопје не приметуваше и не беше даден налог за менување и оспособување на клупите.
Откако редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК пред два дена објави текст дека се украдени даските и фоторепортажа дека центарот на градот е запуштен, денеска екипи излегоа да интервенираат.
Од ЈП „Комунална хигиена“ по објавување на фоторепортажата „Мизерија и распад на модерното Скопје на градоначалничката Арсовска“ се заканија со тужба на редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Од претпријатието побараа извинување во рок од 48 часа и повлекување на текстот во спротивно ќе биле приморани да поднесат тужба.
А. АНТЕВСКА