Од 7.30 до 18 часот e забранет дотурот на роба во центарот на градот. Советот на Град Скопје денеска донесе одлука со која од декември до крајот март возилата ќе смеат да испорачуваат роба само до 7.30 часот наутро или после 18 часот.
„Оваа одлука за регулирање на дотурот на роба во потесното градско подрачје е како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Мерката ја носиме согласно препораките на Владата за воведување итни мерки за аерозагадувањето“, се вели во образложението потпишано од градоначалникот Петре Шилегов.
Од кабинетот на градоначалникот Шилегов велат дека засега мерката ќе важи само до крајот на март, ако дел од проектите за намалување на загадувањето, но во меѓувреме ќе се направат анализи да се воведе забрана за дотур на роба во текот на денот, преку цела година.
А. АНТЕВСКА