ГРАДОТ НЕ ДАВА НОВИ 2.6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ, ТУКУ СЕ РАСПРЕДЕЛУВААТ ВЕЌЕ ОДОБРЕНИ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“

    ГРАДОТ НЕ ДАВА НОВИ 2.6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ, ТУКУ СЕ РАСПРЕДЕЛУВААТ ВЕЌЕ ОДОБРЕНИ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“Средствата со буџетот на Град Скопје одамна му се доделени, но формално-правно неопходно е Советот на Град Скопје да донесе одлука со која ќе се распределат“, објаснуваат од ЈСП. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје нема да даде уште 2,6 милиони евра за субвенции на ЈСП „Скопје“ туку тие пари се прераспределуваат од одобрениот буџет, велат од ЈСП „Скопје“.

    „Не е точно дека ќе се даваат дополнителни пари за субвенции. Имено средствата со буџетот на Град Скопје одамна му се доделени, но формално-правно неопходно е Советот на Град Скопје да донесе одлука со која ќе се распределат. Согласно истото, тие ниту претставуваат доделување на уште 2,6 милиони евра ниту се повеќе средства од веќе определениот и донесен буџет од страна на Советот на Град Скопје“, објаснуваат од ЈСП „Скопје“.

    САКАМДАКАЖАМ.МК денеска објави дека градоначалничката Данела Арсовска бара од Советот на Град Скопје, на седницата која ќе се одржи утре да се изгласа субвенционирање во висина од 2,6 милиони евра за непречено да се одвива јавниот превоз во градот.

    „Во насока на подобрување на транспортната услуга на граѓаните на подрачјето на градот Скопје како и непречено одвивање на јавниот превоз, се предлага сумата од 485.000.000 денари да се заменува со износ од 645.000.000“, стои во образложението на одлуката за субвенционирање.

    ЈСП во јануари доби субвенции од Градот во висина од 11 милиони евра. Беа доделени 140 милиони денари за да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира