ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ОХРИД СТАНА ПАРКИРАЛИШТЕ, А ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ РЕДОВНО КАЗНУВА

    ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ОХРИД СТАНА ПАРКИРАЛИШТЕ, А ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ РЕДОВНО КАЗНУВААвтомобили се паркираат и во околните тесни улички (Фото: СДК.МК)

    Градскиот плоштад во Охрид стана паркиралиште. Автомобили се паркираат и во околните тесни улички, каде има бројни кафулиња и пристапот до нив знае да биде невозможен.

    „Плоштадот во некои денови станува магистрален пат”, напишаа охриѓани на социјалните мрежи.

    Од охридската полиција велат дека се санкционираат сите оние кои со коли влегуваат на просторот кај плоштадот, но напоменуваат дека во претпладневните часови газдите на кафулињата на овој начин се снабдуваат со потребните продукти.

    Од ЈП „Билјанини извори” велат дека паркинг има до самиот плоштад, па оттука нема потреба возилата да влегуваат во плоштадот, освен во посебни случаи и за кратко време, кога се носат продукти за кафулињата.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира