ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖAT ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗРАБОТКАТА НА НОВИТЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА КИСЕЛА ВОДА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕМЕЛКОВСКИ

    ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖAT ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗРАБОТКАТА НА НОВИТЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА КИСЕЛА ВОДА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕМЕЛКОВСКИГраѓаните кои сакаат да бидат дел од партиципативнотО тело треба да се пријават во општината до 11 февруари.(Фото:Ѓ.Личовски)

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска преку видеообраќање на својот фејсбук профил најави дека Општината ќе формира партиципативно тело за изработка за деталните урбанистички планови. Во ова тело како што кажа Темелковски, можат да учествуваат сите оние граѓани кои тоа го сакаат и треба да се пријават до 11 февруари во Општината.

    „Во јавноста во изминатиот период премногу се говореше за деталните урбанистички планови и за урбанизмот во општина Кисела Вода. Изминативе три години посветено работевме на изработка на ДУП-те бидејќи начинот на кој се носеа во минатото беше и сѐ уште е штетен за граѓаните. Затоа дел од нив со одлука на Општината ги дадовме на Уставен суд, но за жал оттаму одлучија дека се донесени согласно законските регулативи. Но, за да обезбедиме подобри услови за живот одлучивме да формираме партиципативно тело во кое граѓаните ќе можат дирекно да бидат вклучени во носењето на урбанистичките планови. Само со заеднички напори може да донесеме планови кои ќе бидат во интерес на нашите граѓани“, вели градоначалникот Филип Темелковски.

    Партиципативното тело ќе биде составено од членови на Комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

    Во Кисела Вода во тек е постапката за изработка на новиот детален урбанистички план за Расадник, со кој на сега празниот простор се вцртуваат маркички за сто нови згради.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира