Претставата „Лисистрата“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија ја доби Гран при наградата на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Претставата „Падот на Масада“ на Драмскиот театар од Скопје освои три награди: за режија за Дејан Пројковски, за главна женска ролја на Јелена Жугиќ и за главна машка на Александар Степанулески. Ова е одлука на жирито во члнуваа актерите Весна Бобевски, Кети Борисовска и Пеце Ристевски.
„Претставата ‘Лисистрата’ во режија на Никола Завишиќ е тотален театарски триумф кој го преточува античкиот текст во современ експлозивен јазик. Ансамблот први брилијатен пресврт каде што ликот на Лисистрата го носат сите актерки на сцената. Претставата нуди беспрекорна сценска фотографија“ , стои меѓудругото во одлуката на жирито Весна Бобевски.

„Наградата е за претстава чија премиера беше во мај годинава и ова е одлично признание. Признанието заминува во театрот во Зрењанин кој ја има најстарата театарска зграда во Србија“ , кажа актерот Игор Филиповиќ. (Фото: СДК.МК)
Јелена Жугиќ и лани на овој фестивал ја доби наградата за главна женска улога, тогаш за Клитемнестра во „Ифигенија за ништо“. Таа годинава наградата ја посвети на брата си, кој дошол во Македонија за да ја гледа претставата „Федра“ , но вчерашната изведба беше откажана од технички причини. И годинава како и лани, Драмски театар од Скопје доби три награди.
Во чест на наградените беше изведена претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар Штип. На годинашново 23. издание на фестивалот беа изведени пет претстави во конкуренција, меѓу нив и гостувања на театри од Италија и Србија.
П. ПЕЧКОВ




