ГРОМ ГО ИСКЛУЧИ БЛОКОТ ЕДЕН ВО РЕК „БИТОЛА“

    ГРОМ ГО ИСКЛУЧИ БЛОКОТ ЕДЕН ВО РЕК „БИТОЛА“„Прекинот во работата на првиот блок траеше 26 часа, поточно од 23.50 часот во саботата до денес до раните утрински часови“, велат од ЕЛЕМ (Фото: СДК.МК)

    Невремето што викендов ја зафати Битола во РЕК предизвикало исклучување на блок 1 од системот за производство на електрична енергија, потврдија од ЕЛЕМ. Прекинот во работата на првиот блок траеше 26 часа, поточно проблемот настана во саботата во 23.50 часот, а санирањето на состојбата траеше до денес до раните утрински часови.

    „Поради невремето во Битола проследено со силен ветер, дожд и електрични празнења, дојде до надворешен удар на мрежата по што автоматски дојде до пукање на одводник за пренапон на Блок 1 и автоматски од безбедносни причини го одвои блокот од мрежата“, велат од ЕЛЕМ.

    Од таму додаваат дека исклучувањето на првиот блок не се одразило врз производството на струја, бидејќи веднаш го активирале блок 3 на негово место. Овој блок досега го држеле во резерва, па производството продолжило преку блоковите 2 и 3. Од ЕЛЕМ велат дека поради полните акумулации електрична енергија во овој период во значајна мера се обезбедува преку хидроцентралите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари