ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МВР ОД АЈВАТОВЦИ СЕ ПРЕФРЛИ ВО ЗЕЛЕНИКОВО КАДЕ ИЗБУВНА НОВ ПОЖАР

    ХЕЛИКОПТЕРОТ НА МВР ОД АЈВАТОВЦИ СЕ ПРЕФРЛИ ВО ЗЕЛЕНИКОВО КАДЕ ИЗБУВНА НОВ ПОЖАРПожарот во Зелениково веќе има сериозни размери, гори шума, (Фото: Скриншот ЦУК)

    Пожарот кај Ајватовци кој денес пак се разгоре е локализиран откако на него интервенираат ер-тракторите и хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи. Хеликоптерот на МВР сега е упатен кон Зелениково каде избувна нов пожар.

    Како што кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување пожарот во Ајватовци сега го догаснуваат пожарникарите од Пожарната бригада на Скопје и пожарникари од Свети Николе, кои ќе останат да дежураат цела ноќ за случајно тој да не се разгори пак, како што се случи утрово.

    „Првичните информации од Зелениково кажуваат дека пожарот има сериозни размери, веќе гори шума“, вели Ангелов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира