ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ ГО НАТЕПАЛЕ ГАЗДАТА НА ВИЛАТА ВО ОХРИД ВО КОЈА ПРЕСТОЈУВАЛЕ

    ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ ГО НАТЕПАЛЕ ГАЗДАТА НА ВИЛАТА ВО ОХРИД ВО КОЈА ПРЕСТОЈУВАЛЕДвајца холандски туристи се приведени во полициската станица во Охрид по пријава за физички напад. -Поглед на Охрид (Фото: СДК.МК)

    Холандски туристи вчера го натепале газдата на вилата во Охрид во која биле сместени, потврдија од полицијата.

    „Вчера 21.05 часот во полициската станица во Охрид К.М. (69) од Охрид пријавил дека е нарушен јавен ред и мир со физички напад во вила лоцирана на ‘Кеј Македонија’ во Охрид. К.М. пријавил дека тој и неговата ќерка К.К. биле физички нападнати од гости во вилата В.Г.Е.Ј. и А.Т. од Холандија. В.Г.Е.Ј. и А. Т се приведени во полициската станица Охрид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од охридската полиција.

    Од полицијата појаснуваат дека првин дошло до вербална расправија, иако не се наведува поради што, а потоа дошло и до физичка пресметка меѓу газдата и гостите. Охридската полиција во договор со судот се очекува да поднесе соодветна пријава против тепачите.

    Холанѓаните со години се најбројни гости на охридската ривиера и не се памети дека некогаш имало ваков случај на физички напад. Неколку децении никој станоиздавач нема пријавено дека некој гостин бил агресивен кон него.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира