ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“, КАДЕ ИМА ДРЖАВЕН КАРАНТИН, СО ОПОМЕНА ДО ФИРМАТА ШТО ДОСТАВИЛА НЕИСПРАВНА ХРАНА

    ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“, КАДЕ ИМА ДРЖАВЕН КАРАНТИН, СО ОПОМЕНА ДО ФИРМАТА ШТО ДОСТАВИЛА НЕИСПРАВНА ХРАНАВо хотелот беше испорачан пакуван прехрамбен производ кој не беше во исправна состојба и го утврдивме тоа по отворањето, до фирмата дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропуст, рече Никола Каровски, извршен директор во „ЕЛЕМ Турс“. (Фото: СДК.МК)

    Хотелот „Молика“ на Пелистер испрати опомена пред раскинување на договорот до фирмата која ги снабдувала со млечни производи, откако минатата недела лице сместено таму во државен карантин се пожалило на квалитетот на млечниот производ.

    „Во хотелот беше испорачан пакуван прехрамбен производ кој не беше во исправна состојба и го утврдивме тоа по отворањето. Од наша страна беше направен записник од фактичката состојба и писмено региравме до производителот и добавувачот со кој имаме случено договор за добавување на млечни производи во хотелот. Нивниот пропуст се одрази врз нашиот имиџ и на нашите гости. Дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропуст“, рече Никола Каровски, извршен директор во „ЕЛЕМ Турс“.

    Тој додава дека во работата на хотелот се почитуваат сите стандарди на угостителско работење. Од 28 март до денес во државен карантин во „Молика“ поминаа 194 македонски повратиници од странски држави, а втората група заминува за неколку дена.

    Каровски објаснува дека за лицата во карантин се обезбедува храна врз основа на неделни менија по сите хотелско-угостителски стандарди.

    „Лицата во карантин добиваат три оброци дневно, нивниот престој е ограничен во хотелските соби, а редот го обезбедуваат лицата од МВР, за комуналниот отпад и сѐ што е потребно во координација сме со Црвен крст и ЈКП ‘Комуналец’. На секои 5 дена се вршат комплетни дезинфекции на објектот, дистрибуција и одлагање на сметот со дезинфекција на сите ходници, коридори и места каде се подига. Храната се дистрибуира по посебни патеки, па нашите вработени воопшто немаат контакт со лицата што користат карантин“, рече Каровски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира