ХРВАТСКИ „КАНАДЕР“ ГО ГАСНЕ ПОЖАРОТ КАЈ БИТОЛА, ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ И ДВА „ЕР ТРАКТОРА“

    ХРВАТСКИ „КАНАДЕР“ ГО ГАСНЕ ПОЖАРОТ КАЈ БИТОЛА, ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ И ДВА „ЕР ТРАКТОРА“Испратен е апел да се повлечат луѓето од терен зашто огнот ќе се гасне со водени бомби. (Фото: СДК.МК)

    Хрватски „канадер“ се вклучи во гаснењето на пожарот кој се појави вчера во Битола и од кој постоеше опасност за Пелистер. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов изјави дека на „канадерот“ ќе му се придружат и два „ер-трактора“ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    Испратен е апел да се повлечат луѓето од терен зашто огнот ќе се гасне со водени бомби.

    Пожарот се појави вчера во рекреативната зона Смолево и се движеше во правецот на Буково, каде вчера беше спроведена голема акција од битолската Пожарна и голем број доброволци за да се изгасне и да не се прошири во селото и на Пелистер.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира