И ДЕЛОВИ ОД АВТОМОБИЛ ИЗВАДЕНИ ОД РЕКАТА ПЕНА ВО ТЕТОВО, КОЈА СЕ ЧИСТЕШЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА

    И ДЕЛОВИ ОД АВТОМОБИЛ ИЗВАДЕНИ ОД РЕКАТА ПЕНА ВО ТЕТОВО, КОЈА СЕ ЧИСТЕШЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТАВо акцијата се собрани над 35 големи вреќи со смет (Фото: СДК.МК)

    Светскиот ден на водата се одбележа во Тетово со чистење на коритото на реката Пена. Во акцијата се вклучија активисти од Македонско-хрватското друштво од Тетово, заедно со еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“. Тие ги чистеа коритото на Пена и просторот околу реката кај излетничкото место Бањиче. Овие активности беа дел од нивниот проект „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водите“.

    „И покрај неповолните временски услови, акцијата успешно ја спроведовме и беше собрана голема количина пластика, хартија и друг отпад. Од речното корито извадивме дури и делови од автомобил. Сметот го собиравме од Пена, во месноста Бањиче, околу изворите на минерална вода кај Бањиче и долж патот кој води до ова најпосетено тетовско излетничко место. Во акцијата учествуваа дваесетина активисти од здруженијата, кои собраа над 35 големи вреќи со смет“, информираат од Македонско-хрватското друштво.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира