И ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАШТИТНИ МЕРКИ И ОПРЕМА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    И ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАШТИТНИ МЕРКИ И ОПРЕМА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТВо овој период не можеме да повикуваме пациенти да прават превентивни прегледи, вели Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лакери (Фото: СДК.МК)

    Здружението на приватни лекари побара од Министерството за здравство и од Фондот за здравство да добие опрема за вакви вонредни ситуации, како и мерки на заштита за матичните лекари, во ситуација кога државата се справува со заканата од коронавирусот. Ова следува откако матичен лекар од регионот на Река бил ставен во изолација на две седмици, па сега неговите пациенти се без доктор и лекарска нега.

    „За неговите 2.000 пациенти нема кој да се грижи, а колегата ќе има намалена капитација. Во овој период не можеме да повикуваме пациенти да прават превентивни прегледи. Мораме да се погрижиме и за медицинските сестри, кои поради затворањето на градинките нема да одат на работа за да ги чуваат децата дома. Затоа е потребен сет мерки и за нас“, изјави Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението, кое брои околу 1.500 членови.

    Тие имаат и други барања кои се актуелни со опасноста од коронавирусот.

    „Исто како јавното здравство, и ние приватните лекари треба да добиеме заштитни маски и дезинфициенси. Од центрите за јавно здравје бараме итно да достават печатени флаери со препораки за превентива од коронавирусот, оти, искрено, мал дел од популацијата над 60 години следи социјални мрежи и интернет и знае како да се заштити и каде да се јави ако има потреба. Пациентите доаѓаат кај нас само за да постават наједноставни, но за нив неопходни прашања за информирање и едуцирање“, додаде Чолакова-Дервишова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира