ИАКО ЧЕТВРТ ГОДИНА БЕШЕ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ТАЛЕСКИ ОДРЖА ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИАКО ЧЕТВРТ ГОДИНА БЕШЕ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ТАЛЕСКИ ОДРЖА ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

    Иако четвртина од годината ја мина во куќен притвор, битолскиот градоначалник Валдимир Талески денес пред новинарите во Битола одржа отчет за сработеното од минатиот ноември до сега. На пресот тој се пофали дека бројот на невработени се намалил за 10.000, дека асфалтирале 100 улици во Битола и дека во завршна фаза е киното „Манаки“.

    На пресот Талески не кажа ни збор за истрагите на СЈО, блокираните сметки на школите и тендерот за бесплатен школски превоз кој доцни.

    Иако се работеше за отчет, дел од пресот беше наменет за проекти кои во иднина ќе се реализираат иако неговиот мандат истекува на пролет. За едно од капиталните предизборни ветувања, топлификацијата на Битола, најави дека денот ќе го види в година, исто како и гасификацијата. Понатаму, дека Општината ќе ја гради северната трибина од стадионот „Под Тумбе кафе“, но дека се доцни со рушењето  зашто не е најдено решение каде да се преместат соблекувалните. Напомена дека уредувале и училишни дворови, дека ќе постават споменик на Александар Турунџев  и друго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира