ИЛИНДЕНСКА ВО КАРПОШ 4 ПОПЛАВЕНА ОД ПУКНАТА ЦЕВКА

    ИЛИНДЕНСКА ВО КАРПОШ 4 ПОПЛАВЕНА ОД ПУКНАТА ЦЕВКАЖителите од овој дел од градот ќе имаат вода бидејќи не се приклучени на оваа цевка. Таа е поставена за новите згради кои се градат во делот околу „Сити мол“. (Фото: СДК.МК)

    Булеварот Илинден во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 е поплавен со вода. Како што велат од Град Скопје, пукнала голема цевка и затоа одеднаш голем млаз вода го поплавил булеварот. Екипи на ЈП„Водовод и канализација“ се на терен и работат на санирање на пукнатата цевка.

    „Жителите од овој дел од градот ќе имаат вода бидејќи не се приклучени на оваа цевка. Таа е поставена за новите згради кои се градат во делот околу ‚Сити мол’. Бидејќи станува збор за голема цевка, се очекува интервенцијата на јавното претпријатие ‚Водовод и канализација‘ да трае до доцна на ноќта“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Град Скопје.

    Додека трае интервенцијата на екипите на „Водовод и канализација“, делови од булеварот ќе бидат затвроени за сообраќај.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира