ИМАМЕ МНОГУ БОЛНИ ОД КОВИД, МНОГУ УМИРААТ, ЌЕ ИМ ПОМАГАМ НА КОЛЕГИТЕ ВО ДНЕВНАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ЈОВАНОСКИ

    ИМАМЕ МНОГУ БОЛНИ ОД КОВИД, МНОГУ УМИРААТ, ЌЕ ИМ ПОМАГАМ НА КОЛЕГИТЕ ВО ДНЕВНАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ЈОВАНОСКИЈованоски кој е специјалист ортопед ќе работи во дневната болница каде се лекуваат пациенти со полесна клиничка слика. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски од денеска почна да работи во прилепската болница за да им помогне на докторите во лекување на пациентите со ковид-19. Јованоски кој е специјалист ортопед за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека големиот број новозаразени, но и смртни случаи секој ден, го натерало да се приклучи на докторите во болницата во Прилеп.

    „Иако не сум инфектолог сепак како доктор можам да помогнам и во медицинскиот и во организацискиот дел на работењето на болницата. Ќе работам во дневната болница каде се пациентите со полесна клиничка слика. Ќе доаѓам секој ден и откако сите пациенти ќе ја примат утринската доза на терапијата за ковид-19, ќе се вратам во Општината, а попладне повторно ќе дојдам во болница. Сега е време кога секој од нас треба да помогне на медицинскиот кадар во борбата со оваа пандемија“, вели градоначалникот Јованоски.

    Вчера во Прилеп беа регистрирани 38 нови случаи на ковид-19, починаа три лица, а во градот има 762 активни случаи.

    А, АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира