ИНФЕКТИВНОТО ВО ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО СТАНИЦА ЗА КИСЛОРОД СО ДОНАЦИЈА НА „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“

    ИНФЕКТИВНОТО ВО ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО СТАНИЦА ЗА КИСЛОРОД СО ДОНАЦИЈА НА „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“Покрај за Инфективното одделение, со дел од средствата ќе биде награден и медицинскиот кадар во прилепската болница и од Брзата помош. (Фото: Фејсбук)

    Општата болница „Борка Талески“ и Брзата помош во Прилеп добија 1,2 милиони денари донација од „Прилепска пиварница“.  Дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со Инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе добијат медицинска помош.

    Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од Инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, вкупно 83.

    „Како општествено одговорна компанија, сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка кон целокупниот медицински персонал што секојдневно се бори пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19. Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме“, изјави генералниот директор на „Прилепска пиварница“Сашко Самарџиоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира