ИНСПЕКЦИЈАТА ДА ДЕЛУВА ОТИ ВО КАФУЛИЊАТА МАСИТЕ СЕ ПРЕБЛИСКУ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА

    ИНСПЕКЦИЈАТА ДА ДЕЛУВА ОТИ ВО КАФУЛИЊАТА МАСИТЕ СЕ ПРЕБЛИСКУ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛАЈа повикувам инспекцијата да делува согласно насоките, вели Наташа Петровска. (Фото: СДК.Мк)

    Експоненцијално растат бројките на заболени од ковид-19, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска, додавајќи дека има појави во некои кафулиња да се ставаат поблиску масите, па ја повика инспекцијата да делува.

    „На последниот одржан Кризен штаб детектиравме дека растот на бројките се должи и на собирањето на поголеми групи на места како што се кафулињата, каде факт е дека имаме ситуации на поблиску поставување на масите, имаме такви појави, ја повикувам инспекцијата да делува согласно насоките. Но, и граѓаните да ги почитуваат мерките за носење маски и дистанца, а за време на празниците посетите кај блиските да бидат редуцирани, во помали бројки, за да ги заштитиме најблиските“, рече Петровска.

    Таа додаде дека во Битолската болница има слободни кревети во Ковид-центарот и дека кон крајот на неделата се планира да биде пуштена и модуларната болница. За два дена, на 16 и 17 март, во Битола беа регистрирани вкупно 92 новозаболени, а 364 се активни.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира