ИСКРШЕНИ ДВАЕСЕТИНА КАЈЧИЊА ВО ОХРИД

    ИСКРШЕНИ ДВАЕСЕТИНА КАЈЧИЊА ВО ОХРИДИскршени се кајчиња паркирани од населбата Даљан до Метропол, вчера после полноќ. (Фото: СДК.МК)

    Непознати сторители оштетиле 20-тина кајчиња во Охрид. Дел од нив се со помали оштетувања, а дел целосно уништени. Сопствениците на пловните објекти се сомневаат дека била користена секира. Штетата, велат, е огромна бидејќи цената за едно кајче се движи од 600 до 1.500 евра.

    Искршени се кајчиња паркирани од населбата Даљан до Метропол, вчера после полноќ. Еден од оштетените вели дека неговото кајче го нашол потонато.

    „Првпат ми се случува ова. Не знам кој имал причина да направи вакво грозно дело и да искрши толку кајчиња. Моето кајче имаше толкава дупка што водата беше навлезена и кајчето пропаднато во вода. Не знам зошто некој имал причина да дивее на овој начин доцна во ноќта“, вели револтираниот кајчар.

    Од охридската полиција велат дека засега нема пријава за искршените кајчиња, во полицискиот билтен заведена е единствено една кражба на кајче оставено на самото крајбрежје од езерото.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира