ИСПОЛНЕТА КВОТАТА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ПОДНЕСЕНИ 5 ИЛЈАДИ БАРАЊА ВО СКОПЈЕ

    ИСПОЛНЕТА КВОТАТА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ПОДНЕСЕНИ 5 ИЛЈАДИ БАРАЊА ВО СКОПЈЕЗа оние коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување. (Фото: Град Скопје)

    Со 5 илјади поднесени барања за субвенции за инвертери исполнета е предвидената квота, заврши јавниот повик и веќе нема да се примаат барањата од граѓаните, велат од Град Скопје. Според условите во повикот, ќе бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик се аплицираше онлајн.

    „За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување“, велат од Град Скопје.

    Во Буџетот на Град Скопје за 2020 за оваа намена се предвидени 322,4 милиони денари обезбедени од Владата, со овие средства се очекува замена со инвертери на околу 5.000 печки, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира