ИСТОВРЕМЕНО СО УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР ШИЛЕГОВ ПОЧНА ДА ЈА ПОПРАВА И ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦ

    ИСТОВРЕМЕНО СО УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР ШИЛЕГОВ ПОЧНА ДА ЈА ПОПРАВА И ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦУлицата Васил Ѓогов ќе се реконструира од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска и ќе биде готова за 20 дена. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, на потегот од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска. Градежните работи на оваа фреквентна сообраќајница во центарот на градот се одвиваат истовремено со оние на улицата 11 Октомври кај Зелен пазар, која почна да се реконструира вчера, што предизвика метеж и колони возила од Црвен крст до Рекорд.

    Градоначалникот Петре Шилегов на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто истовремено се прават овие две фреквентни улици во градот и зошто не се почека 10 дена да се заврши 11 Октомври па да се почне да се работи овој потег, кажа дека станувало збор за различни делови од градот.

    „Улицата 11 Октомври се наоѓа во источниот дел од градот, Васил Ѓогов во западниот, па луѓето кои гравитираат се различни. Јас немам чувство дека кај граѓаните има револт за тоа што реконструираме улици, можеби имаа моментално поради гужвите, но не постои начин да се направи улица без метеж. Поради тоа што сме брзи сметам дека има разбирање кај граѓаните“, рече Шилегов и најави дека улицата ќе биде готова за 20 дена.

    На овој потег, покрај нов коловозот на должина од околу 1.000 метри, ќе се обноват оштетените делови од тротоарите, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе има и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

    За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари (околу 330.000 евра) со вклучен ДДВ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира