ВЕЛЕС ЈА ИЗБРА ЛОКАЦИЈАТА НА НОВИОТ МОСТ ДО НАСЕЛБАТА РЕЧАНИ И СЕГА ТРЕБА ДА НАЈДЕ ПАРИ ЗА НЕГОВА ИЗГРАДБА

    ВЕЛЕС ЈА ИЗБРА ЛОКАЦИЈАТА НА НОВИОТ МОСТ ДО НАСЕЛБАТА РЕЧАНИ И СЕГА ТРЕБА ДА НАЈДЕ ПАРИ ЗА НЕГОВА ИЗГРАДБАЖителите на Речани сега мора да патуваат неколку километри дополнително за да стигнат до градот (Фото: СДК.МК)

    Позната е локацијата каде ќе се гради мостот кој ќе ги поврзе населбата Речани и Велес.

    На прес-конференција, градоначалникот Коцевски објави дека тој ќе се гради на местото каде што се наоѓа управата на ЈВП „Лисиче“ од десната страна на Вардар и спротивно во Речани. Жителите на Речани имаат проблем како најбрзо да стигнат до Велес оти сега мора да патуваат неколку километри дополнително: преку мостот во Башино Село или преку мостот Гемиџии ако се со автомобил, а пеш преку Железен мост.

    „Најдовме соодветна траса и ја дефиниравме локацијата на мостот кој треба да ја поврзе населбата Речани со Велес. Фирмата која го доби тендерот работеше на самото место и врз основа на геодетските мерења и направените консултации, локацијата е дефинитивна“, кажа Коцевски.

    Во наредниот период треба да се изработи изведбен план, врз основа на кој локалната власт ќе бара пари, дали од Владата или од странски донации, за да се изгради мостот, кој жителите го чекаат до децении. Но, ќе треба да се изврши и откуп на земјиште каде ќе се гради патот кој ќе го поврзува мостот со населбата и улицата Пенчо Давчев. Дел од жителите не се согласуваат со изградба на пат низ Речани, оти ќе се загадувала животната средина од издувните гасови на возилата.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира