ИЗГОРЕНИ ДЕСЕТИЦИ ХЕКТАРИ СО ПЧЕНИЦА ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН, А НАМЕРНОТО СЕ ПАЛАТ И ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

    ИЗГОРЕНИ ДЕСЕТИЦИ ХЕКТАРИ СО ПЧЕНИЦА ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН, А НАМЕРНОТО СЕ ПАЛАТ И ДИВИТЕ ДЕПОНИИВо пожарите што избиле деновиве, изгореле ниви засадени со пченица, а најопасно било во тетовските приградски населби Циглана и Дреновец. (Фото: СДК.МК)

    Високите летни температури и несовесните граѓани се причина за речиси секојдневни пожари кои избиваат во Тетовскиот Регион. Тетовските пожарникари велат дека досега се изгорени десетици хектари земјиште. Пожарите речиси секојдневно избиваат на дивите депонии, а тие се опасност да се прошират на блиските куќи, посебно во тетовските села. Во пожарите што избиле деновиве, изгореле ниви засадени со пченица, а најопасно било во тетовските приградски населби Циглана и Дреновец.

    „Во Дреновец во Циглана пожарот кој изби на отворено, но брзо дојде до самите куќи. За среќа, не зафати ниту еден објект. Само вчера во атарот на селото Стримница изгореа над 20 хектари земјиште со пченица. Во село Одри, пред три дена, изгоре голема површина нежнеана пченица. Земјоделците чекаат да со соберат сега приносот, но жал има несовени граѓани кои палат стрништата и најчесто така доаѓа до појава на пожари“, вели Ука Алити, командир на противпожарната единица во Тетово.

    Покрај високите температури, за избивањето на пожарите според Алити, голема улога има и човечкиот фактор.

    „Има намерно палење смет на отворено, но се пали и отпадот што се наоѓа на дивите депонии. Многу се фрла стара покуќнина и мебел кој се пали за да изгори, ама често пати се случува огнот да се прошири. На дивите депонии се фрла и материјал кој е опасен и кој самиот може да се запали. Невнимание има и кај земјоделците кои ги палат стрништата. Ние како противпожарна единица постојано сме мобилни за интервенција, но и инспектори од сите општини и другите институции како и полицијата, треба да бидат будни и да ги следат овие работи, бидејќи потребни се повеќе санкции за ваквите постапки “, вели Алити.

    Деновиве, тетовските пожарникари гаснеле пожари и во село Жеровјане каде избил пожар на дива депонија, а во селата Стенче, Теарце и Брвеница пожари избиле на нивите.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира