ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СОБОРИЛ ТРИ БАНДЕРИ И СООБРАЌАЕН ЗНАК, ОСТАВАЈЌИ ДЕЛ ОД ТЕТОВО БЕЗ СТРУЈА И ИНТЕРНЕТ

    ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СОБОРИЛ ТРИ БАНДЕРИ И СООБРАЌАЕН ЗНАК, ОСТАВАЈЌИ ДЕЛ ОД ТЕТОВО БЕЗ СТРУЈА И ИНТЕРНЕТВозачот поминал без посериозни повреди во несреќата (Фото: СДК.МК)

    Жител на гостиварското село Чегране вчера излетал од патот со своето возило и искршил сообраќајни знаци и бандери во Тетово. И покрај тоа што возел со голема брзина, поминал само со полесни повреди.

    „Вчера околу 2 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај улиците Видое Смилески-Бато и Браќа Миладинови во Тетово. Движејќи се по булеварот Видое Смилески-Бато, 65-годишниот М. Б. од гостиварското село Чегране во еден момент изгубил контрола врз своето возило марка ‘мерцедес‘ и излетал од коловозот. При излетувањето оштетил четири метални држачи за сообраќајни знаци поставени на кружниот тек, три бандери и еден сообраќаен знак. Возачот поминал без посериозни повреди. Истрагата е во тек“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

    Според кажувањата на очевидци, возачот бил во прилично алкохолизирана состојба.

    Поради оштетувањето на три бандери, жителите од тој дел на градот повеќе часови беа без електрична енергија и интернет врска.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира