ЈАПОНИЈА ДОНИРАШЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП ВРЕДНИ 42.000 ЕВРА

    ЈАПОНИЈА ДОНИРАШЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП ВРЕДНИ 42.000 ЕВРАДонацијата ја предаде јапонската амбасадорка во Македонија, Кеико Ханеда (Фото: СДК)

    Клиничкиот центар во Штип доби две опремени амбулантни возила, како донација од Јапонија, во вредност од 42.000 евра.

    „Јапонскиот народ е среќен што двете амбулантни возила ќе ја подобрат здравствената грижа во Штип и во источна Македонија. Од 2000 година наваму, Јапонија има донирано половина милијарда евра за подобрување на условите за работа и престој во здравствени и образовни институции во регионот. Само во Штип се донирани 192 милиони евра“, рече на врачувањето на донацијата јапонскиот амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда.

    Таа рече дека на возилата е нацртано маче, кое е маскота на новата јапонска програма и дека оваа година, Јапонија одбележува 30 години од нејзините грантови.

    Директорот на Клиничкиот центар, Ален Георгиев, истакна дека последната донација од Јапонија била пред 18 години и таа сѐ уште се користи. Проектот е реализиран во соработка со канцеларијата на Источно-планскиот регион.

    „Се надевам дека ќе биде прифатена и нашата апликација за донација за обнова на градинката „Цветови“ во Штип“, рече координаторот на ИПР, Александар Николов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира