ЈУНИ Е НАЈДОБРАТА ШАНСА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ

    ЈУНИ Е НАЈДОБРАТА ШАНСА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИОсмани денеска во Тетово се сретна со градоначалничката Теута Арифи. (Фото: СДК.МК)

    Останувам на ставот дека наредниов период, во јуни, ја дава најубавата шанса за почеток на преговорите, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Тетово.

    „Остануваат уште две недели за да се надминат разликите. Има сериозен ангажман на португалското претседателство со конкретен предлог кој ние го оценивме како добра основа за надминување на разликите. Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на сите три страни: нашата страна, бугарската страна и страната на земјите членки кои очекуваат преговарачкиот процес да не биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите. Продолжуваме во враќањето на довербата и има еден конструктивен однос и реторика помеѓу нас и бугарската Влада. Овие контакти кои што се случија во Ватикан, мојата со министерот, контактите на премиерот, се важни во враќањето на таа доверба и очекувам таа комуникација да се интензивира во наредниот период. Да се обидеме да ги адресираме сензитивностите и на бугарската страна, при тоа запазувајќи ги и нашите сензитивности однос на прашањето. Сметам дека во регионот алармот е подигнат дека стига до критичната точка на губење на кредибилитетот на процесот и на критична точка на прекршување и тоа го сфаќа Бугарија, тоа го фаќаме и ние и земјите членки. Очигледно е дека сега е времето за делување“, изјави Бујар Османи.

    Османи изрази жалење за тоа што сѐ уште немаме назначено амбасадор во Софија, но појасни дека при крај се консултациите помеѓу претседателот на државата, премиерот и Министерството за надворешни работи за да се определи кандидат за оваа функција.

    Османи, заедно со економските советници кои ќе бидат задолжени за привлекување странски инвестиции имаше средба со градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи при што тие беа запознаени со потенцијалите кои ги нуди Полошкиот Регион.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира