КАЈ РОТИНСКОТО ЕЗЕРО ИЗЛОЖЕНИ ФОТОГРАФИИ ОД ПЕЛИСТЕР, СНИМЕНИ ПОД МЕНТОРСТВО НА РЕЖИСЕРОТ НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЉУБОМИР СТЕФАНОВ

    КАЈ РОТИНСКОТО ЕЗЕРО ИЗЛОЖЕНИ ФОТОГРАФИИ ОД ПЕЛИСТЕР, СНИМЕНИ ПОД МЕНТОРСТВО НА РЕЖИСЕРОТ НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЉУБОМИР СТЕФАНОВАнгела Вељановска е избрана за најуспешна и доби ваучер за дополнителни едукативни сесии со Стефанов. (Фото: СДК.МК)

    Под ведро небо кај Ротинското Езеро, викендов се одржа изложбата од проектот „Дали сте подготвени за Пелистер“ со 30 изложени фотографии на кои беше прикажана планинската убавина снмена од 10 битолски фотографи под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарец со две номинации за Оскар, „Медена земја“. На изложбата ѝ претходеше фотографска работилница која не беша само едукативна точка, туку патување во концептот на планинската фотографија.

    Учесниците влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов, чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. Фотографите рекоа дека неговата страст и љубовта кон фотографијата е зараза што го трансформира начинот на кој се перципира планинскиот терен.

    Учесниците влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов (прв од десно), чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. (Фото: СДК.МК)

    „Хоби ми е фотографијата, инаку работам во американска фирма. Направив концепт од три фотографии од селото Маловиште, единствено населено место во склоп на паркот. На Пелистер има многу што да се слика. Научивме премногу од менторот, интересен ми беше неговиот ентузијазам за див свет. Ми дава мотивација и јас да продолжам со таква фотографија“, вели младата фотографка Ангела Вељановска, избрана како најуспешна која понатаму добива ваучер за дополнителни едукативни сесии со Стефанов.

    На изложбата пленеа и фотографиите на познатата битолска фотографка и планинарка Ивона Кочов.

    „Од мали нозе сум со фотоапаратот во рацете. Почетоците ме беа пред триесетина години. Фотографираа мајка ми, татко ми, стрико ми, имаа лабораторија дома. На работилницата ми беше важно присуството на професорот кој е мајстор на својата професија’ , рече Кочов.

    На изложбата пленеа и фотографиите на познатата битолска фотографка и планинарка Ивона Кочов. (Фото: СДК.МК)

    Проектот е заради поголема туристичка популаризација на Пелистер.

    „Ова не се изолирани настани во однос на Пелистер и она што планираме да го работиме. Дополнително, до крајот на мај ќе следуваат низа други активности кои имаат за цел промоција на туристичките атракции на Пелистер и негово поставување на повисоко туристичко ниво. Имаме планирано различни соработки со инфлуенсери, туристички работници, да приодонесеме повеќе за популаразиција на Пелистер“, реле Лидија Ангелкова, координаторка на проектот.

    Проектот е заради поголема туристичка популаризација на Пелистер. (Фото: СДК.МК)

    Проектот е на Фондацијата ПРЕДА Плус во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 финансирана од Европската унија (ЕУ), а споведена од УНДП.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира