КАЈ СЕЛОТО ТРЕБЕНИШТА ОТКРИЕН СРЕДНОВЕКОВЕН ГРАД ПО КОЈ СЕ ТРАГАЛО ПОЛОВИНА ВЕК

    КАЈ СЕЛОТО ТРЕБЕНИШТА ОТКРИЕН СРЕДНОВЕКОВЕН ГРАД ПО КОЈ СЕ ТРАГАЛО ПОЛОВИНА ВЕКНаучниците успеале да ги поврзат остатоците од Требенишко Кале со еден средновековен град. (Фото: СДК.МК)

    Кај селото Требеништа во Дебрца, научниците откриле остатоци од средновековен град по кој се трагало повеќе од половина век.

    „Археолошкиот локалитет Требенишко Кале годинава беше истражуван со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од Филозофскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка на Општина Дебрца. Беа истражувани одбранбените ѕидови на древниот град, површините на ѕидовите, како и околните падини. Од истражувањата се добиени доволно резултати преку кои може да се согледа егзистенцијалниот континуитет на градот, неговата максимална површина во раната и доцната антика”, соопштија од Општина Дебрца.

    Научниците успеале да ги поврзат остатоците со еден средновековен град, споменат во еден средновековен извор. Тоа е град по чија местоположба македонските историчари и археолози трагале повеќе од половина век. Подетаљни резултати ќе бидат презентирани преку проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019”.

    Локалитетот Требеништа е познат и по четирите златни маски, од кои две се изложени во Националниот институт и Музеј при Бугарската академија на науките во Софија, а две во Народниот музеј во Белград. Наодите датираат од 6. век пред нашата ера.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира