КАРПОШАНИ ОБВИНУВААТ ДЕКА ПРОДОЛЖУВА УНИШТУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕЧАТА БИЛА НА БАРАЊЕ НА СТАНАРИТЕ

    КАРПОШАНИ ОБВИНУВААТ ДЕКА ПРОДОЛЖУВА УНИШТУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕЧАТА БИЛА НА БАРАЊЕ НА СТАНАРИТЕГраѓаните на социјалните мрежи реагираа дека и новите градоначалници продолжуваат со праксата на нивните претходници за уништување на зеленило. - Исечените дрвја во Карпош 4 (Фото: Фејсбук/Заедно за заштита на зеленилото во Карпош)

    Станарите на околните згради бараа да се исечат дрвјата, велат од Град Скопје откако денес жители на населбата Карпош 4 реагираа на новата сеча. Утрово, екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ на улицата Волгоградска исекоа две повеќегодишни дрвја.

    Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека и новите градоначалници продолжуваат со праксата на нивните претходници за уништување на зеленило.

    Од Град Скопје велат дека добиле петиција од жителите да се исечат исушените стебла од старите дрвја и да се засади ново зеленило.

    „Во насока на поголема транспарентност и подобро информирање во врска со акцијата за сечење и кастрење дрвја во Карпош 4, Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека истото се врши на барање на жителите согласно со сите законски постапки. Екипите на јавното претпријатие ’Паркови и зеленило‘ извршија акција во населбата Карпош 4, каде што на терен исекоа и извршија кастрење на повеќе дрвја. Истите се отстранети на барање (петиција) на жителите на околните згради, кои до Секторот за комунални работи на Град Скопје, на ден 26.04.2018 година, доставија барање за сечење на сувите стебла околу зградата на улица „Волгоградска“ број 1, како и за обновување на зеленилото“, соопштија од Град Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира