КАВАДАРЧАНИ СЕ ПОДЕЛИЈА ЗА ФЕНИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА МИНСТРОЈ, ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ГСОЛ

    КАВАДАРЧАНИ СЕ ПОДЕЛИЈА ЗА ФЕНИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА МИНСТРОЈ, ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ГСОЛВработени во Фени пред Велешкиот суд, каде што тече стечајната постапка за комбинатот. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Кавадарци и членовите на Советот се со различен став од вработените во комбинатот Фени. Додека политичарите со поддршка на бугарската компанија „Минстрој холдинг АД Софија“, вработените со поддршка за мултинационалната компанија ГСОЛ, грчко-израелска фирма. По средбата одржана на 14 јуни со претставници на локална власт и Минстрој, градоначалникот Митко Јанчев и Советот на Општина Кавадарци во јавноста со заклучоци со кои застануваат зад бугарската компанија.

    „Минстрој нудат 100% намирување на побарувањата на доверителите, инвестиции од 30 милиони евра во наредните години, отворање на рудникот Ржаново, со што би се отвориле нови 300 работни места во кавадаречко а општината од концесија годишно ќе добива 600 илјади евра и ќе плати данок на имот на Општината од 1,2 милиони евра. Минстрој е сериозна компанија која поседува 9 рудника, 7 во Бугарија и два во Македонија со 4,5 илјади вработени“, стои во писмениот документ со кој се бара Минстрој да го добие Фени во стечај, а кој документ е доставен и до премиерот Зоран Заев.

    Документот го доби и стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска. Таа го отфрли со објаснување дека судот е независен, не е политички орган, а општината не е страна во предметот. Овој документ ги иритираше вработените во комбинатот, кои незадоволството го искажаа преку нивниот претставник Душко Николовски.

    „Не се согласуваме со ликвидација, затворање на комбинатот како што бара Минстрој, така да се реши стечајот. Така ќе ја изгубиме работа а вработените одат во Бирото. Сега работиме нормално, производството се зголемува а просечната плата е 27 илјади иако памтиме во подобри времиња и многу повеќе“, рече Николовски.

    Многу пожесток во настапот беше претседателот на Синдикатот за индустрија и енергетика Пеце Ристевски.

    „Ова барање од градоначалникот на Кавадарци е срамно. Не знам кого застапува кога е против работниците. Самиот чин и постапка треба да се засрами и извини пред вработените во Фени и нивните фамилии. Проблемот на денешното рочиште беа неколку помали доверители, кои не ги продале нивните побарувања навремено и сега бараат начини да се обесштетат во висина во која тие посакуваат и прават правни сопки“, рече Ристевски.

    Од пред два месеци во стечај замина и фирмата Нова логистика, сестринска фирма на Фени, преку која се вршеа транспортните услуги за комбинатот а која на сопствениците на камиони година и пол не им ги плаќала превозот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира