КАВАДАРЦИ ДОБИ МАМОГРАФ И ЗА ДВА МЕСЕЦА ОТКРИЕНИ ПЕТ СЛУЧАИ НА РАК НА ДОЈКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАВАДАРЦИ ДОБИ МАМОГРАФ И ЗА ДВА МЕСЕЦА ОТКРИЕНИ ПЕТ СЛУЧАИ НА РАК НА ДОЈКА

    Во пет случаи е потврдено малигно заболување, а седум сомнителни се препратени на дополнителни испитувања, од вкупно 212 пациенти кои биле прегледани со новиот мамограф, кој започна да работи во Кавадарци од 21 септември. Директорот на кавадаречката Општа болница Орцо Ангеловски, вели дека кај петте пациентки со  дијагностициран карцином, болеста била откриена во подоцнежна фаза, најверојатно  поради нередовни контроли.

    „Кај седумте сомнителни случаи пак, веројатно станува збор за почетен стадиум на болеста, а во такви околности шансите за успешно лечење се големи“, вели  Ангеловски.

    И едните и другите, се препратени на дополнителни испитувања и лечење.

    Со години, Кавадарци е еден од најзагадените градови во државата, и постојано се слуша дека е голем бројот на заболените од рак и дека тој број расте. Но, барем засега, нема свежи и точни податоци на оваа тема.

    Пред околу три и пол години, претседателката на Советот на Општина Кавадарци Горица Пеливанова-Вилхелм,  изнесе алармантни статистички податоци,  според кои на годишно ниво се зголемува бројот на малигни заболувања во Кавадарци.

    „Во 2003 година имало само 200 заболени лица, а во 2012 година имало 1.266. Време е да се каже стоп“, децидна беше тогаш Пеливанова-Вилхелм.

    Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци, смета дека миксот од загадувачи во градот го сочинуваат индустријата и автомобилите, загадувањето од греењето на домаќинствата и печењето ракија поради употреба на загадливи материјали.

    „Специфичен фактор зошто го чувствуваме загадувањето, е фактот дека физиолошките процеси кај растенијата се на минимум, па шумите кои се бели дробови на животната средина зимно време помалку филтрираат. Ние како регионален еко-центар и член на Друштвото на екологистите на Македонија  и Зелена платформа на Република Македонија, правиме со другите партнери листа на жешки точки во државата, каде има најголемо загадување. Таа листа ќе биде доставена до соодветните институции, Министерство за животна средина и просторно планирање и  Владата, со конкретни предлози и  мерки за спречување на загадувањето“, вели Паризов.

    Неофицијално, една од жешките точки е токму во Кавадарци, а се однесува на индустриски капацитет, за кој кавадарчани од поодамна алармираат дека стравуваат оти загадува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира